УТРО.мк

Штипјанец пријавен за труење и газење животни

Штипјанец пријавен за труење и газење животни
Vero

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против 72-годишниот С.К. од Штип поради сомнение за сторени кривични дела „убивање и мачење животни“.

Според информациите од полицијата, пријавениот на 14 април 2025 година, во селото Долно Трогерци, во два наврати фрлал храна со отров, по што две кучиња во сопственост на Т.С. биле отруени и угинале.

Истиот човек, на 6 јули 2025 година, со патничко возило прегазил куче, кое починало на местото на настанот.

Против С.К. е поднесена кривична пријава, а случајот е во надлежност на јавен обвинител. Од МВР најавуваат дека ваквите случаи нема да останат неказнети и апелираат до граѓаните секое насилство врз животни веднаш да го пријавуваат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран