УТРО.мк

Пекол во Камчатка: По разорниот земјотрес, еруптира најмоќниот вулкан во Русија!

Пекол во Камчатка: По разорниот земјотрес, еруптира најмоќниот вулкан во Русија!
Vero

Катастрофалниот земјотрес што во средата ја потресе Камчатка со сила од 8,7 степени според Рихтеровата скала, предизвика уште една природна катастрофа – вулканот Кључевскаја, највисокиот и најактивниот вулкан во Евроазија, започна да исфрла лава и пепел!

Од Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките потврдуваат дека ерупцијата е во тек и дека се работи за сериозен ризик по населението во регионот.

„Во моментов имаме активна ерупција на Кључевскаја“, стои во официјалното соопштение.

Само неколку дена пред земјотресот, спасувачките служби апелираа граѓаните да не ги посетуваат најактивните вулкани – Кључевскаја, Шивелуч, Авачински, Каримски и Безимјани – поради зголемена вулканска активност.

По земјотресот издадено е и предупредување за цунами, а локалните власти ги повикуваат жителите да се држат подалеку од брегот и од вулканските зони. Засега нема информации за човечки жртви, но се проценува дека ерупцијата може да доведе до дополнителни еколошки и безбедносни последици.

Кључевскаја, висок речиси 5.000 метри, последен пат еруптираше во 2023 година, но експертите предупредуваат дека актуелната активност може да биде една од најразорните досега.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран