Опасен инцидент се случил на 28 јули 2025 година во тетовското село Џепчиште, каде што залутан куршум од огнено оружје пробил кров и завршил на тераса додека 59-годишниот Р.С. седел таму со својот малолетен внук.
Настанот бил пријавен во СВР Тетово околу 22:30 часот. Според пријавата, зрното оштетило дел од кровната конструкција, а само среќа спречила повреда или фатални последици, бидејќи двајцата се наоѓале непосредно под местото на ударот.
На местото на настанот излегла екипа од СВР Тетово која извршила увид, а во тек се мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. Полицијата истражува од каде дошол залутаниот куршум и кој пукал со огнено оружје.