УТРО.мк

Плазма и Роса им посакуваат на првачињата успешен старт на учебнатагодина со подарок пакетчиња

Плазма и Роса им посакуваат на првачињата успешен старт на учебнатагодина со подарок пакетчиња
Vero

 Министерството за образование и наука и ЗЕЛС потпишаа Меморандум со социјално одговорнитекомпании Бамби и Пивара Скопје, според кој над 21.000 првачиња кои ќе го започнат своето школувањена 1 септември, ќе добијат подарок пакетчиња сопроизводи од Плазма и Роса.

На овој начин, ЗЕЛС, Министерството за образованиеи наука и компаниите со општествена одговорностпреку своите брендови им посакуваат успешен почетокна најмладите ученици, одбележувајќи го овој важенмомент во нивните животи.

Министерката за образование и наука Весна Јаневскаизрази благодарност до општествено одговорнитекомпании за покажаната грижа за првооделенците.

„Почетокот на учебната година е посебен и незаборавен момент за првачињата, за прв патвлегуваат во училиште, се сретнуваат со наставници и нови другарчиња, почнуваат да учат, да откриваат, дасоработуваат и да бидат одговорни. Ваквите акции импокажуваат на најмладите дека пошироката заедницаги поддржува и ги охрабрува“, рече министеркатаЈаневска. 

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски рече декагрижата за учениците е една од основните обврски на општините, како основачи на училиштата.

„Градоначалниците обединети во ЗЕЛС, но и сите какородители и граѓани, сакаме првооделенците да имаатдобри сеќавања за првиот училишен ден. Заедно сокомпаниите кои инвестираат во заедницата сакамепрвачињата да почнат на училиште со радост, и ова е добра порака дека ни се важни“, нагласи Ѓорѓиевски. 

Директорката за бизнис развој во Бамби, Милица Шетка, рече дека се радува што Плазма се врати во Македонија по предизвиците со кои се соочуваше поради пожарот во фабриката во Пожаревац, поради кој беше запрено производството. 

„За нас во Бамби, поддршката на најмладите секогашбила приоритет. Особено во важни животни моменти, како што е поаѓањето на училиште. Посебно ни е драгошто, по предизвиците со кои се соочивме порадипожарот во нашата фабрика во Пожаревац, повторносме тука – и тоа со иницијатива која носи радост. Сакаме овие подароци да бидат симбол на охрабрување и поддршка за секое дете кое гозапочнува своето патување во светот на образованието. Нашата цел е оваа акција да прераснево традиција и во Македонија, како што веќе е воСрбија.“

Брендот Роса, посветен на здравото растење, сеприклучи на оваа иницијатива.


„Длабоко веруваме дека секое дете заслужува да јазапочне учебната година со насмевка, поддршка и внимание. Како компанија која расте заедно созаедницата, свесни сме колку е важно првачињата даја почувствуваат поддршката од сите нас. Затоа, прекубрендот Роса станавме дел од оваа иницијатива — зада покажеме дека веруваме во идните генерации и дека сме со нив на секој чекор,“ изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје.

Подарок – пакетчињата кои содржат ранец, распоредна часови, мозгалка, Плазма бисквити и шишенце Росаќе бидат дистрибуирани до сите основни училишта низдржавата за да ги пречекаат првачињата на 1 септември.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран