УТРО.мк

Чешки „Блек Хок“ слета во Скопје, ќе гасне на Готен заедно со словенечките пожарникари

Чешки „Блек Хок“ слета во Скопје, ќе гасне на Готен заедно со словенечките пожарникари
Vero

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка, со седумчлена посада, попладнево пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје и од утре ќе се вклучи во гаснењето на големиот шумски пожар на планината Готен, од беровската страна.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека хеликоптерот располага со ведро кое носи 3,4 тони вода, и дека неговата ангажираност ќе започне уште утре наутро.

Покрај чешкиот екипаж, во Берово се очекува да пристигнат и 62 пожарникари од Словенија, заедно со 18 специјализирани противпожарни возила.

„Во текот на утрешниот ден ќе бидат активирани и дополнителни национални сили и ќе се фокусираме на овој пожар, бидејќи на другите локации состојбата е релативно стабилна“, изјави Ангелов на денешната прес-конференција.

Тој информираше и дека Република Австрија понудила помош со 80 пожарникари, а Франција со уште 50, што дополнително ја засилува регионалната поддршка во справувањето со огнената стихија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран