УТРО.мк

Граѓаните ќе го направат вистинскиот ветинг – ДУИ ќе падне на локалните избори

Граѓаните ќе го направат вистинскиот ветинг – ДУИ ќе падне на локалните избори
Vero

Ветингот за кој ДУИ често зборува, но никогаш не го спроведува, ќе го направат граѓаните – на следните локални избори. Тоа ќе биде ветингот што вистински ќе ги открие злоупотребите, личното богатење и партиската заштита на криминалот.

Иако речиси две децении се дел од власта, функционерите на ДУИ не спроведоа ниту еден вистински процес на проверка на интегритетот и имотната состојба, ниту кај себе, ниту кај своите коалициски партнери. Наместо тоа, секогаш кога јавноста ќе ги соочи со прашања за корупција и злоупотреби, партијата се повикува на „ветингот“ како празна флоскула – без конкретни чекори и резултати.

Ако ДУИ навистина се залагаше за ветинг, ќе започнеше со сопствените редови – со лидерот Али Ахмети и неговото семејство, со фирмите, луксузните возила и имотите поврзани со најблиските соработници. Би следел и ветинг за Артан Груби – за лиценците за казина, врските со бизниси од Србија и Црна Гора, како и причините зошто се најде на американската црна листа.

Исто така, ветинг заслужуваат и случаите поврзани со министерот Блерим Беџети, со градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, како и со шефот на дипломатијата Бујар Османи – за аферите од времето на СЈО, за луксузните трошоци и спорните надворешнополитички поврзувања.

Вистинскиот ветинг нема да дојде од партиски комисии или политички спектакли, туку преку изборната волја на народот. На претстојните локални избори, граѓаните ќе го дадат својот суд и ќе ги пратат во политичка пензија сите оние кои го злоупотребиле мандатот за личен профит.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран