УТРО.мк

Посебен сообраќаен режим вечерва во Скопје поради снимање филм

Посебен сообраќаен режим вечерва во Скопје поради снимање филм
Vero

Министерството за внатрешни работи информира дека вечерва, поради снимање на филм, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје.

Од 20:00 до 04:00 часот утре, за сообраќај во двете насоки ќе биде затворен булеварот „11-ти Октомври“, на потегот од крстосницата со улицата „Даме Груев“ до крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“.

Сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици, а од МВР апелираат до граѓаните да покажат разбирање и да ги следат насоките од полициските службеници на терен.

Од Министерството додаваат дека сите мерки се преземаат со цел безбедно и непречено одвивање на снимањето и нормално функционирање на сообраќајот во останатиот дел од градот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран