УТРО.мк

ВЛЕН: ДУИ веќе капитулираше, се надева на милоста на Села и Таравари

ВЛЕН: ДУИ веќе капитулираше, се надева на милоста на Села и Таравари
Vero

Коалицијата ВЛЕН обвини дека Демократската унија за интеграција (ДУИ) де факто веќе го прифатила својот изборен пораз, бидејќи во претстојните избори не настапува со свои автентични кандидати, туку, како што велат, се надева на „милоста на Села и Таравари“.

„ДУИ е свесна дека поразот е блиску. Таа знае дека народот не простува, дека времето на манипулации и лажни симболи завршува. Токму затоа овие денови гледаме понижувачко и очајно однесување – поделба на кандидатури за локални избори, функции и поддршка на поранешни политички противници, само за да се симулира сила и да се оправда блискиот пораз“, стои во соопштението на ВЛЕН.

Од коалицијата нагласуваат дека ДУИ веќе нема сопствен политички идентитет и речиси не излегува со свои кандидати. „Освен два или три исклучоци, сите други се туѓи имиња, туѓи личности, туѓи проекти и туѓи партии“, оценуваат од ВЛЕН.

Тие прашуваат во каква состојба е партијата кога оди на избори без свои луѓе: „Ако беше силна, ќе се соочеше со изборите со своја понуда и свои кандидати. Ако имаше добри кадри, ќе ги предложеше нив. Но ДУИ нема ниту едното ниту другото.“

Како последица на ова, ВЛЕН посочува дека секојдневно се забележува незадоволство, оставки и отпор во општинските ограноци на ДУИ. „Членството е изневерено. Наместо да бидат дел од решенијата, тие останале да се надеваат на милоста на Села и Таравари – истите оние кои вчера беа најжестоки критичари на ДУИ, а денес се сметаат за нејзини спасители.“

„Ова не е изборна стратегија, туку капитулација. Жалосно е до кое ниво падна ДУИ“, заклучуваат од коалицијата ВЛЕН.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран