УТРО.мк

Август започнува со нестабилно и посвежо време – услови за невреме и град низ Македонија

Август започнува со нестабилно и посвежо време – услови за невреме и град низ Македонија
Vero

Според најновите прогнози на Европскиот метеоролошки модел ECMWF и американскиот GFS модел, првата седмица од август во Македонија ќе биде обележана со нестабилно, променливо и посвежо време.

Во периодот од петок (1 август) до четврток (7 август), се очекува зголемена појава на локални поројни дождови, грмежи и засилен ветер. Исто така, постојат услови за краткотрајни, но интензивни невремиња, проследени со силен ветер и можност за појава на град, соопшти метеорологот Славчо Попоски.

Температурите наутро ќе се движат меѓу 10 и 19°C, додека дневните ќе бидат под 30°C во поголемиот дел од државата. Исклучок ќе бидат Повардарието и југоисточните региони, каде што дневните температури би можеле да достигнат до 35°C.

„Пред нас е посвежо и попријатно време, особено во утринските часови, кога разликата ќе биде особено почувствителна“, истакна Попоски.

Времето ќе биде под влијание на посвежа воздушна маса која пристигнува од север, што ќе резултира со температури под просекот за овој период не само во Македонија, туку и пошироко во регионот.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни при ненадејни временски промени и да ги следат предупредувањата од надлежните институции.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран