УТРО.мк

Аларм во Тетово и Гостивар: Телефонски измами се шират – граѓаните мета на лажни брокери и хакери!

Аларм во Тетово и Гостивар: Телефонски измами се шират – граѓаните мета на лажни брокери и хакери!
Vero

Во првите шест месеци од 2025 година, СВР Тетово регистрира 25 случаи на телефонски и компјутерски измами, од кои 17 се во Тетово, а 8 во Гостивар. Вкупно се поднесени 32 кривични пријави, а против 32 сторители, од кои 4 се непознати, се водат истраги за дела поврзани со измами.

Најчестите измами вклучуваат компјутерски и банкарски измами, измами преку социјални мрежи и преку купопродажба, додека оваа година не е регистриран случај на лажно организирање свечености и семинари.

Од секторот за компјутерски криминал апелираат до граѓаните да бидат внимателни при комуникација со непознати лица, особено оние што нудат брза заработка преку интернет. Тие предупредуваат никогаш да не се инсталираат апликации за далечински пристап по барање на непознати и да се избегнуваат повици од сомнителни телефонски броеви.

Во случај на сомневање дека сте жртва на измама, веднаш контактирајте ја вашата банка и пријавете го случајот во Министерството за внатрешни работи.

Казните за измами според законот се движат од 3 месеци до 10 години затвор, во зависност од вредноста на причинетата штета.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран