Вицепремиерот на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, при промоцијата на уредувањето на каналот во Харачиново, соопшти дека коалицијата ВЛЕН е во завршна фаза на избор на кандидати за локалните избори.
„Во ВЛЕН интензивно се разговара и анализира, каде што до крајот на неделата ќе ги објавиме сите имиња на кандидатите за градоначалници од Струга до Ликово. Исто така, за градот Скопје ќе имаме свој кандидат“, изјави Меџити.
Тој потенцираше дека ВЛЕН има за цел да претстави силни кандидати во сите општини со албанско мнозинство, дури и во главниот град.