УТРО.мк

Словенија и Франција нудат 100 пожарникари за помош на Македонија

Словенија и Франција нудат 100 пожарникари за помош на Македонија
Vero

Словенија и Франција понудија да испратат вкупно 100 пожарникари со специјализирани возила како поддршка на македонските служби во справувањето со шумските пожари што ја зафатија земјата.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека Македонија ја разгледува понудата, која пристигна преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.

„Словенија понуди тим од 50 пожарникари со специјални возила, а слична најава добивме и од Франција. Размислуваме дали и кога ќе ја прифатиме помошта“, изјави Ангелов.

Според податоците од Дирекцијата, денес во земјата се активни 15 пожари, од кои девет сè уште беснеат, а шест се ставени под контрола.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно информираше дека земјата го активирала европскиот механизам за помош, но оти во моментов нема слободни противпожарни авиони, бидејќи голем дел од Европа е зафатен од слични катастрофи. Тој нагласи дека сите домашни капацитети се веќе ангажирани и дека ситуацијата се следи и контролира.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран