УТРО.мк

Почнува обуката за новите пожарникари: Над 40 лица од Скопје ќе бидат дел од ДЗС

Почнува обуката за новите пожарникари: Над 40 лица од Скопје ќе бидат дел од ДЗС
Vero

Од утре започнува првичната селекција на кандидатите кои ќе бидат ангажирани како нови пожарникари, а веднаш потоа следува и дводневна обука која ќе вклучи теоретски предавања и основна безбедносна практика. По завршување на обуката, пожарникарите ќе бидат распределени во територијалните противпожарни единици низ државата.

Групата од Скопје брои над 40 лица и ќе биде ставена под капата на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Како што информираше директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, во тек е административна селекција и средување на пријавите по завршениот оглас.

„Имаме доволно пријавени и сега преминуваме кон селекција и старт на обуката. Овие луѓе ќе добијат основна теоретска и практична подготовка и веднаш потоа ќе бидат активирани на терен,“ изјави Ангелов.

Целта на ангажманот е да се зајакнат капацитетите за справување со пожари во ек на летната сезона, кога ризикот од пожари е значително зголемен. Ангелов потенцираше дека ангажираните војници и полицајци на терен се поддршка, но дека пожарите може ефикасно да се гаснат само со обучени пожарникари.

„Пожар не се гаси од воздух – се гаси од земја. Обука и човечки капацитет се клучни за справување со вакви кризни ситуации,“ додаде тој.

Ангажирањето на нови пожарникари доаѓа во период кога земјава се соочува со зголемен број на пожари – само денеска се активни девет од вкупно 15 регистрирани пожари.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран