На летот од Лондон до Глазгов, Зоран Настески, Македонец по потекло, херојски го совлада патникот што се закани со терористички напад, соопштија денеска извори од Велика Британија.
Десет минути пред слетувањето, еден од патниците почнал да вика дека носи бомба и да извикува слогани „Смрт за Америка, смрт за Трамп“ и „Алах акбар“. Паниката меѓу патниците се прошири, а деца почнаа да врескаат. Настески реагирал инстинктивно, го соборил мажот на подот и го држел до слетувањето, кога тој бил уапсен од полицијата.
„Само сакав да ги заштитам другите. Го соборив, му го зедов телефонот и го држев за раце додека не слетавме,“ изјави Настески за „Телеграф.рс“.
По инцидентот, полицијата започна истрага за терористичкиот напад. Авиокомпанијата „Изи џет“ потврди дека персоналот бил обучен да се справи со вакви ситуации и дека безбедноста на патниците не била загрозена.
Настески, кој долго време живее во Велика Британија, најави преселба во Србија каде што планира да живее со својата партнерка Сандра. Неговиот татко е роден во Скопје, Македонија, а мајка му е Србинка.