УТРО.мк

ВЛЕН: Лажните вести од „Српскиот свет“ не ја покриваат вистината – албанскиот јазик се зајакнува како никогаш досега

ВЛЕН: Лажните вести од „Српскиот свет“ не ја покриваат вистината – албанскиот јазик се зајакнува како никогаш досега
Vero

Движењето ВЛЕН остро реагираше на најновата дезинформациска кампања пласирана од, како што велат, претставниците на „Српскиот свет“ и нивните медиумски сателити, веќе познати по своите деструктивни наративи и вклучени на американски „црни листи“.

Повод за реакцијата е веста дека наводно албанскиот јазик бил изоставен во една анкета за дијаспората, спроведена од независна невладина организација од Македонија. ВЛЕН ја демантира оваа информација, оценувајќи ја како класичен „фејк њуз“ без никаква основа, со цел да се создаде лажен аларм во јавноста.

„Анкетата е достапна и на албански јазик. Нема никаква поврзаност со Владата, како што лажно тврдат медиумските извршители на пропагандата“, стои во соопштението на ВЛЕН.

Потпретседателот на Владата, Арбен Фетаи, јавно ја разобличи кампањата за дезинформирање, потенцирајќи дека БДИ и нејзините медиумски сојузници се обидуваат да го извртуваат јавното мислење со „банални и лесно проверливи лаги“.

Во реалноста, според ВЛЕН, токму сега, благодарение на заложбите на заменик-министерот за образование Лулзим Алиу, за првпат во Берлин е отворена настава на албански јазик за децата од дијаспората – историски чекор кој никогаш претходно не бил направен.

„Тоа е вистината што ги боли оние кои со децении го занемаруваа јазикот, идентитетот и потребите на нашата дијаспора“, порача ВЛЕН, повикувајќи ги граѓаните да не подлегнуваат на евтини медиумски манипулации.

„Шпекулациите нема да ги сокријат неуспесите. Граѓаните ќе одговорат на лагите и блокадите на изборите во октомври – таму каде што се одлучува иднината“, велат од ВЛЕН.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран