УТРО.мк

До 45 минути чекање на Табановце – гужви на границите

До 45 минути чекање на Табановце –  гужви на границите
Vero

Поради засилен сообраќај во текот на летните одмори, на граничните премини Табановце и Пелинце се бележи зголемена фреквенција на возила, со време на чекање до 45 минути, информира Авто-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ). На другите гранични премини засега нема подолги задржувања.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде постои опасност од одрони. Најризични патни правци се: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Летен режим и ограничувања за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август во Македонија е на сила летен времен режим на сообраќај, со забрана за движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони во следните термини:

Петок: од 17:00 до 22:00 часот Сабота: од 09:00 до 18:00 часот Недела: од 09:00 до 22:00 часот

Дополнително, за време на екстремно високи температури (определени од Министерството за здравство), забраната ќе важи и од понеделник до четврток во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањата не важат за возила што превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито, леснорасиплива стока, горива, опасни материјали, како и за компании што вршат работи по договор со ЈП за државни патишта.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран