УТРО.мк

Хеликоптерите на МВР фрлија над 30 тони вода во гасењето на пожарите

Хеликоптерите на МВР фрлија над 30 тони вода во гасењето на пожарите
Vero

На 25 јули 2025 година, два хеликоптера на Министерството за внатрешни работи – Бел 412 и Агуста Бел 212 – беа ангажирани во интензивните активности за гасење на пожарите што беснеат на планината Плачковица и во регионот на Струмичко. Во текот на денот, од воздух беа фрлени повеќе од 30 тони вода за сузбивање на огнот.

Од МВР информираат дека активностите со полициските хеликоптери ќе продолжат и во наредните денови, сè додека пожарите на територијата на целата држава целосно не бидат изгаснати.

Овие оперативни мерки се дел од интензивните напори на институциите за заштита на природата и обезбедување безбедност на граѓаните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран