Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со делегација од меѓупарламентарната група за пријателство Туркије – Македонија. Делегацијата ја предводеше амбасадорот на Република Туркије во Македонија, Н.Е. Фатих Улусој, а во составот беа и Бејџан Иљас, претседател на Пратеничката група за соработка со парламентот на Турција, како и Почесниот конзул на Турција во Битола, Ајдован Адемоски.

На средбата, градоначалникот Коњановски ги истакна успешните и добри односи што општина Битола ги гради со повеќе турски општини. Тој посочи дека соработката се развива и на економски и на културен план, што претставува основа за понатамошно зајакнување на билатералните врски.

Во текот на посетата, делегацијата ја посети и спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк во Заводот и Музејот во Битола, како симбол на почит и историски врски меѓу двата народа.
Средбата ја потврди заложбата за продлабочување на пријателството и соработката меѓу општина Битола и турските партнери, со визија за уште поинтензивна размена во иднина.