УТРО.мк

Големи пожари во Турција – гори шумата во Измир, ангажирани авиони и хеликоптери

Големи пожари во Турција – гори шумата во Измир, ангажирани авиони и хеликоптери
Vero

Во турската провинција Измир избиле големи шумски пожари во три различни округа, објавија денеска турските медиуми. Според информациите, пожарите се активни и во моментот трае нивното гаснење од воздух и од земја.

Засега не е познато што ги предизвикало огнените стихии, соопштија властите. Во интервенцијата се вклучени десетици авиони и хеликоптери, како и припадници на жандармеријата, кои се обидуваат да го стават пожарот под контрола.

Локалните власти апелираат на претпазливост, додека противпожарните тимови работат со максимални напори за спречување на ширење на огнот. Се очекуваат нови информации за евентуални последици и дали има загрозени населени места.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран