УТРО.мк

Грузијка уапсена за предизвикување пожар на грчкиот остров Хиос

Грузијка уапсена за предизвикување пожар на грчкиот остров Хиос
Vero

Голем шумски пожар што избувна на грчкиот остров Хиос во неделата уништи околу 10.000 хектари грмушки и пасишта за само три дена, соопшти Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција.

Во врска со пожарот, грчките власти уапсија жена од Грузија, која според изјави на сведоци, била видена како фрла запалена цигара. Таа се соочува со обвинение за ненамерно предизвикување пожар. Случајот сè уште се истражува од страна на грчката противпожарна служба.

Иако пожарот е ставен под контрола, стотици пожарникари и натаму се на терен за да спречат евентуално повторно разгорување на огнените фронтови. Грција веќе неколку години се соочува со зголемена фреквенција и интензитет на шумски пожари, што властите го припишуваат на климатските промени.

Грчката влада досега исплати стотици милиони евра како надомест за домаќинствата и земјоделците погодени од екстремни временски услови, но и за модернизација на противпожарната опрема. За оваа летна сезона, бројот на пожарникари е зголемен на рекордни 18.000, а од 1 јули до 15 септември, дополнителна поддршка ќе пристигне од 294 пожарникари од пет европски земји.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран