УТРО.мк

Лишен од слобода возач од неготинско, управувал возило со 2,46 промили алкохол во организмот

Лишен од слобода возач од неготинско, управувал возило со 2,46 промили алкохол во организмот
Vero

На 25.06.2025 во 07.20 часот на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Н.К.(47) од село Долни Дисан, неготинско. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,46 промили алкохол во крвта.

Н.К. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран