УТРО.мк

„Глеј“ и Свод Мастер АД за првпат се најдоа на македонската берза

„Глеј“ и Свод Мастер АД за првпат се најдоа на македонската берза
Vero

Првата македонска стриминг платформа „Глеј“, во сопственост на компанијата Свод Мастер АД, денес за првпат се најде на македонската берза со иницијална јавна понуда (IPO). На одбележувањето на почетокот на продажбата на хартии од вредност, извршниот директор и ко-основач на компанијата, Дарко Перушевски, истакна дека целта е со дополнителни средства да се поттикне развојот на македонската филмска и документарна продукција.

„Глеј“ постои од 2021 година како платформа која нуди премиум македонска и детска програма на македонски и албански јазик, а денешната IPO понуда опфаќа 200.000 акции по минимална цена од 600 денари. Перушевски нагласи дека докапитализацијата ќе овозможи „Глеј“ да обезбеди најмалку 12 домашни и 50 странски премиери годишно, како и редовни емисии и подкасти.

Компанијата во моментот има 18.000 корисници и амортизирана добивка од околу пет милиони денари, со планови до 2030 година да достигне 110.000 корисници и добивка од 125 милиони денари. По успешната продажба, се очекува дополнително проширување на управниот одбор со нов директор кој ќе ги претставува новите акционери.

Кирил Куцулоски од брокерското друштво Илирика Инвестментс АД, покровител на IPO-то, ја истакна важноста на оваа понуда како сигнал за созревање на домашниот пазар на капитал и поддршка на иновативни бизнис модели.

Заинтересираните инвеститори можат да добијат дополнителни информации преку официјалните канали на Свод Мастер АД.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран