УТРО.мк

Ова ќе биде првиот чекор на Русите доколку ја нападнат Европа

Ова ќе биде првиот чекор на Русите доколку ја нападнат Европа
Vero

Додека Русија масовно го зголемува производството на оружје, европските лидери сè погласно зборуваат за сценарио на директна војна – не само во Украина, туку и во балтичкиот регион. Според извештај на Bloomberg, постои реална загриженост дека Москва би можела да изведе инвазија врз Литванија, Летонија и Естонија – трите најранливи членки на НАТО, а реакцијата на САД под водство на Доналд Трамп е сè понеизвесна.

НАТО се подготвува за можен судир, а генералниот секретар Марк Руте предупреди дека Русија би можела да нападне во рок од пет години. Најмрачните сценарија предвидуваат дека Русија би започнала напад по пат на провокација – преку рускоговоречките малцинства или пак преку инцидент на железничката линија Москва-Калининград која минува низ Литванија.

Во случај на инвазија, балтичките држави би го активирале членот 5 од НАТО договорот, со што нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Но, ќе застане ли Трамп зад своите сојузници?

Bloomberg предупредува дека Трамп би можел, наместо со оружје, да одговори со објави на социјалните мрежи, повикувајќи Европа да „РАЗГОВАРА СО ВЛАДИМИР“. Притоа, првите што би се активирале би биле Полска, Германија, Велика Британија и другите земји од регионот. Турција, иако има најголема војска во НАТО по САД, се очекува да остане неактивна во ваков конфликт.

Моделите на Bloomberg проценуваат дека во првата година од ваква хипотетичка војна, БДП на балтичките држави би се намалил за шокантни 43%, ЕУ би изгубила 1,2%, а глобалната економија 1,3% – што е помалку од ефектите од Ковид-19, но сè уште трагично. Светската економија би изгубила 1,5 трилиони долари, а бројот на бегалци и цивилни жртви би бил огромен.

Енергетската криза би се продлабочила – со целосен прекин на рускиот гас во Европа и намалување на извозот на нафта за 30%. Цените на енергијата би експлодирале, додека европските порти би биле блокирани, а трговијата парализирана.

Иронијата е што Русија, поради постоечките санкции, би трпела релативно мал економски удар – од само 1% од својот БДП.

Во пресрет на НАТО самитот во Хаг, сите очи се вперени кон САД. Ќе застане ли Вашингтон зад Европа или ќе го остави континентот сам пред заканата од нова војна?

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран