УТРО.мк

Тетовската болница пред целосна реконструкција – најавени инвестиции и нов клинички центар во Скопје

Тетовската болница пред целосна реконструкција – најавени инвестиции и нов клинички центар во Скопје
Vero

Денеска премиерот Христијан Мицкоски, првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити и министерот за здравство Азир Алиу ја посетија Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Поводот беше завршувањето на 11 значајни инфраструктурни и медицински проекти, насочени кон подобрување на условите за лекување на најмладите пациенти.

– Изразувам благодарност затоа што се грижите за овој објект, каде што се грижиме за здравјето на нашите деца, истакна премиерот Мицкоски.

На новинарско прашање за т.н. британски договор, Мицкоски откри дека станува збор за прва фаза на инвестиција поголема од 200 милиони евра. – Министерството за здравство ќе треба да побара од Министерството за финансии да распише тендер за избор на финансиски институции и банки кои ќе покажат подготвеност да го финансираат проектот. Ќе ги избереме најдобрите услови, потенцираше Мицкоски.

Во првата фаза е предвидено довршување на Клиничката болница во Штип, изградба на медицински факултет со студентски дом од 200 легла, изградба на болница во Кичево со здравствен дом и целосна реконструкција на клиничката болница во Тетово.

– Имаме рамка и средства и за втора фаза, а тоа е изградба на долго ветуваниот голем Клинички центар во Скопје, додаде Мицкоски.

Посетата доаѓа во момент кога здравствениот систем се соочува со потреба од темелна модернизација, а владата најавува силен инвестициски циклус во јавното здравство.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран