На 26 јуни 2025 година (четврток), поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, повеќе населени места во Тетово и околината ќе останат без електрична енергија во одредени временски периоди, информираат од ЕВН Македонија.
Според најавата, без струја ќе бидат:
Во периодот од 08:45 до 14:30 часот:
- Варвара
- Лешок
- Слатино
Од 09:00 до 14:00 часот:
- Дел од село Лешок
- Делови од град Тетово, објекти кои се наоѓаат на улица „29 Ноември“ кон улица „Ленин“
- Дел од град Тетово, објекти на улица „Ленин“ кај Стариот камен мост
- Село Непроштенo
Од 09:00 до 15:00 часот:
- Дел од село Орашје, објекти во близина на џамијата
Дополнително, беше евидентиран и еден непланиран прекин на струја во Тетово, без наведено траење и причина.
Граѓаните се советуваат навремено да ги прилагодат своите обврски со цел да избегнат непријатности. Од ЕВН најавуваат дека ќе се работи со зголемена динамика за струјата да се врати во предвидениот рок.