УТРО.мк

Нетанјаху: „Денес е тежок ден за Израел“

Нетанјаху: „Денес е тежок ден за Израел“
Vero

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека денешниот ден претставува „многу тежок момент за израелскиот народ“, откако израелската армија потврди загинување на седум припадници на вооружените сили во борби на југот од Појасот Газа.

„Заедно со сите граѓани на Израел, мојата сопруга и јас длабоко тагуваме и ја делиме болката за падот на седумтемина наши борци. Нека им е вечна слава“, се наведува во официјалното соопштение на премиерот. Тој изрази сочувство до семејствата, нарекувајќи ја загубата „ненадоместлива“.

Детали за настанот

Според информациите од израелската армија, еден офицер и шест војници од инженерискиот борбен баталјон загинале во градот Кан Јунис, кога експлозивна направа, поставена под нивното оклопно возило, детонирала и предизвикала силен пожар. Во одделен инцидент, уште еден израелски војник бил тешко ранет.

Да потсетиме, израелските сили минатиот месец наредија масовна евакуација на жителите од Кан Јунис, најавувајќи „невиден напад“ во тој дел од Газа.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран