Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари важна средба со раководството на УНЕСКО во Париз, каде што отворено ги презентираше аргументите на Македонија за состојбата со Охридскиот регион.

„Заштитата на Охрид и Охридското Езеро е врвен приоритет, но тоа мора да оди рака под рака со развојот и благосостојбата на граѓаните во Охрид и Струга“, истакна Николоски.
Тој потенцираше дека во минатото вакви директни состаноци недостасувале, а Македонија не ги презентирала своите ставови, поради што често се носеле еднострани одлуки на штета на регионот. „Тоа мора да се смени“, рече Николоски, најавувајќи активна и проактивна улога на земјата во заштитата и управувањето со светското наследство.

Иако, како што нагласи, одредени извештаи се веќе во напредна фаза на подготовка, Николоски увери дека Македонија е решена во годините што следат да работи со целосна посветеност за да го зачува статусот на OHRID – CITY OF UNESCO, но и да обезбеди социо-економски развој за регионот.