УТРО.мк

Меџити му возврати на Села: Вие го укинавте балансерот, ние донесовме Закон за правична застапеност

Меџити му возврати на Села: Вие го укинавте балансерот, ние донесовме Закон за правична застапеност
Vero

Заменик-претседателот на Владата, Изет Меџити, остро реагираше на обвинувањата од лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој оцени дека со новиот Закон за правична застапеност се поткопува присуството на Албанците во администрацијата.

„Балансерот беше укинат во претходната влада, во која членуваше и самиот Села. Сите министри, вклучително и оние Албанци, дадоа согласност за негово укинување преку Стратегијата за реформа на јавната администрација. Дури и министрите Албанци беа на иста линија со македонските судии од Уставниот суд кои го отфрлија балансерот“, изјави Меџити.

Тој нагласи дека, за разлика од тие што само жалеа за укинувањето, актуелната влада понудила реална законска алтернатива.

„Еве го Законот! Го донесовме во Влада, ќе оди на разгледување во Венецијанската комисија, ќе има јавна расправа и потоа ќе се дебатира и во Собранието“, додаде Меџити.

Потсети дека и самата Алијанса за Албанците, во времето на кампањата „Зошто да не за албански премиер“, ветувала решение за балансерот, но никогаш не се осмелила да зборува за конкретен закон.

„Ние, уште во првата година од мандатот, ја затвораме еднаш засекогаш темата што требаше да се реши уште во 2003 година. Донесовме Закон за правична и адекватна застапеност“, заклучи вицепремиерот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран