УТРО.мк

Меџити: Медресата и верските училишта конечно добиваат правна регулатива по 30 години манипулации

Меџити: Медресата и верските училишта конечно добиваат правна регулатива по 30 години манипулации
Vero

Заменик-претседателот на Владата, Изет Меџити, објави дека прашањето за Медресата „Иса Беу“ конечно се решава со посебен закон, со што, како што рече, се става крај на три децении политички манипулации.

„Медресата беше една од темите со која се манипулираше во изборни кампањи цели 30 години, без конкретна разрешница. Ние немаме дневнополитички пристап – нудиме правна и долгорочна регулатива,“ изјави Меџити.

Тој информираше дека од 2 јуни законот што ги опфаќа Медресата „Иса Беу“ и средното училиште на Православната црква е во јавна расправа 30 дена, од кои преостануваат уште 17 за коментари од надлежните институции.

По оваа фаза, законот ќе оди на владина процедура, а потоа и во собраниска дебата, каде што сите пратеници ќе имаат можност да дадат придонес.

Меџити нагласи дека законот овозможува трајно решение за признавање на дипломите на учениците кои завршуваат во овие верски училишта: „Ова е првпат ова прашање да се затвори со правен акт, наместо со половични решенија. Конечно обезбедуваме стабилна законска основа.“

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран