УТРО.мк

Што смеете да понесете со себе при патување на Црногорското приморје: важни правила за пари, храна, лекови и миленичиња

Што смеете да понесете со себе при патување на Црногорското приморје: важни правила за пари, храна, лекови и миленичиња
Vero

Со доаѓањето на летото и почетокот на сезоната на годишни одмори, многу граѓани се подготвуваат за пат кон Црна Гора. За да избегнете непријатности при премин на границата, важно е да знаете што смеете да внесете со себе.

Во однос на пари, без пријавување можете да внесете до 10.000 евра или еквивалентна сума во друга валута. Над оваа сума е задолжително пријавување кај царинските органи, а непочитувањето може да резултира со привремено одземање на парите.

Што се однесува до храна, дозволено е да понесете до 3 килограми свежо овошје и зеленчук (без компир), како и мали количини храна за лична употреба, вклучувајќи сушено овошје, кафе, чаеви, алкохол, флаширана вода и бебешка или диетална храна во оригинално, неоштетено пакување.

Лековите за лична употреба се дозволени во количина за најмногу шест месеци, додека за лекови со контролирани супстанци е потребна потврда од лекар и ограничена количина за 30 дена.

Ако патувате со миленичиња, тие мора да имаат ветеринарски пасош и здравствен сертификат.

Царинските правила предвидуваат и ослободувања од плаќање царина и ДДВ за личен багаж, како и ограничувања за внесување тутунски производи, алкохол и други пијалаци, со дополнителни ограничувања за лица под 17 години.

Запознавањето со овие правила ќе ви помогне да патувате без стрес и непријатни изненадувања на границата кон Црна Гора.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран