Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, со остар одговор до албанската опозиција од редовите на Фронтот Европски, обвинувајќи ги дека шират „празна реторика“, додека Владата носи конкретни решенија за заштита на правата на Албанците.
„Трубат дека се загрозува албанскиот јазик, а реалноста е дека албанскиот јазик е таму каде што отсекогаш бил, а ние како ВЛЕН имаме цел да го унапредиме до нивото што навистина го заслужува“, истакна Меџити.
Тој нагласи дека се манипулира и со темата за Балансерот, иако токму оваа Влада, како што рече, го донесе првото системско решение – Законот за правична и соодветна застапеност.
„Трубат и за вработувањата, но кога ги видоа бројките за вклучување на Албанците во институциите, одеднаш замолчија“, додаде вицепремиерот.
Според него, Владата нема да одговара со зборови, туку со дела:
„Нашиот одговор на нивната празна реторика е еден – конкретни резултати и реална застапеност. Албанскиот јазик, Балансерот и правичната застапеност се приоритет и ќе бидат гарантирани“, изјави Меџити.