УТРО.мк

Божиновска: Една година од почетокот на енергетската трансформација во Македонија

Божиновска: Една година од почетокот на енергетската трансформација во Македонија
Vero

Пред една година имавме само идеја, еден документ и една канцеларија. Денес, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини раководено од Сања Божиновска брои 109 професионалци, донесе нов закон, привлече инвестиции и постави темели за нова енергетска реалност во Македонија.

Годината што изминува се бележи со конкретни резултати – не само на хартија, туку видливи преку бројки, проекти и подобрувања во секојдневниот живот на граѓаните.

Новите законски решенија се либерални, европски и праведни, овозможувајќи чисти инвестиции во соларни и ветерни капацитети. Во тек е изградбата на интерконекторот со Грција, кој се гради од македонска компанија, со што се зајакнува регионалната поврзаност и енергетската стабилност.

Во рударскиот сектор воведена е стриктна контрола и фер наплата, што резултираше со 247 милиони денари приходи во државниот буџет. Паралелно, развиени се паметни мрежи, електромобилност и батериски системи, кои го поддржуваат зеленото и одржливо снабдување.

Особено значајни се новините кои се воведуваат првпат: гаранција за зелено потекло на електрична енергија, тргување на македонската енергетска берза во евра, како и формирањето на Советодавно тело составено од врвни експерти.

Министерката Божиновска истакнува дека Македонија не само што е подготвена да се справи со енергетските предизвици, туку и да стане лидер во регионот. „Оваа година беше доказ дека можеме. Следната ќе биде доказ дека не застануваме. Ќе ја вратиме енергетската моќ во македонски раце – чиста, стабилна и паметна,“ порача Божиновска.

Иднината на Македонија е во енергетиката, а првите конкретни чекори ги покажуваат капацитетите и визијата за успешна енергетска транзиција.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран