УТРО.мк

Гужви на Богородица: Чекање и до два часа на македонската страна од границата

Гужви на Богородица: Чекање и до два часа на македонската страна од границата
Vero

На граничниот премин Богородица денеска од раните утрински часови се формираат големи гужви, при што патниците чекаат и до два часа за влез во Грција. Авто мото сојузот на Македонија утрово информира дека на македонската страна времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на другите гранични премини нема поголеми задржувања.

Снимките од камерата на преминот покажуваат дека двете ленти кон Грција се преполни и возилата се движат многу бавно. Многумина од патниците се жалат на тешки услови во автомобилите, без климатизација и вода, со оглед на летните температури.

Српскиот автомобилски сојуз предупреди дека најголемите гужви се токму на премините кон Грција, особено на рутата Прешево – Табановце, каде што се забележуваат доцнења и до 150 минути. За алтернатива се препорачуваат премините Дојран – Дојран и Меџитлија – Ники, но тие понекогаш работат со скратено време или со помал број на ленти.

Со оглед на тоа што денеска е ден пред викенд, се очекува попладне и утре наутро гужвите дополнително да се зголемат. Патниците се советуваат да ја планираат патувачката рута со доволно време и трпение.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран