УТРО.мк

Ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија – Апелација ја уважи жалбата на обвинителството

Ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија – Апелација ја уважи жалбата на обвинителството
Vero

Апелациониот суд во Скопје им одреди ефективен 30-дневен притвор на поранешните раководители на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, уважувајќи ја жалбата на Обвинителството против претходно определената мерка куќен притвор.

Судот ја прифати оценката на обвинителката Фатиме Фетаи дека единствена гаранција за непречено водење на кривичната постапка и обезбедување на присуството на обвинетите е притвор, одбивајќи ги аргументите на одбраната дека Васев и Нухи немаат намера за бегство и дека се подготвени за соработка со институциите.

„Потребно е да се обезбеди нивното присуство и успешно спроведување на постапката,“ изјави Фетаи, нагласувајќи го значењето на мерката во контекст на тежината на обвиненијата.

Против Васев и Нухи се водат две обвиненија – првото за незаконско економско работење со кое, според Обвинителството, на државниот буџет му е нанесена штета од 36 милиони евра. Второто се однесува на несоодветен медицински третман на пациенти, што резултирало со сериозно нарушување на здравјето кај 29 лица, а кај две пациентки им била дадена биолошка терапија без терапевтски ефект.

Почетокот на судскиот процес за второто обвинение е закажан за 11 јули. Притворот, според судот, ќе помогне да се обезбеди нормално и ефикасно одвивање на процесот. Васев и Нухи, во своите обраќања пред судот, побараа да се бранат од слобода и најавија дека ќе го почитуваат судот и законот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран