Вонредно метео предупредување: Топол бран со температури до 42°C ќе го зафати Македонија до сабота
Под влијание на топол бран, до сабота (26.07) се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер.
Дневните температури ќе бидат значително над просекот за јули и ќе се движат во следниов интервал:
Југозападен, источен и североисточен регион: 34 до 38°C
Полог: 32 до 38°C
Пелагонија: 38 до 40°C
Скопски, Вардарски и Југоисточен регион: 38 до 42°C
Граѓаните се советуваат да ги прилагодат активностите во текот на најтоплите делови од денот и да водат сметка за здравјето, особено за ранливите категории.