УТРО.мк

Пожар на „Индустриска“ во Куманово – гори отпад од стари автомобили, чадот се гледа од целиот град

Пожар на „Индустриска“ во Куманово – гори отпад од стари автомобили, чадот се гледа од целиот град
Vero

Попладнево повторно изби пожар на улицата „Индустриска“ во Куманово, на локацијата каде што се складира отпад од стари автомобили. Од територијалната противпожарна единица Куманово информираат дека огнот зафатил каросерии и сува трева, но ситуацијата е под контрола.

„Во моментов, пожарот е локализиран и наскоро целосно ќе биде изгаснат. На терен сме две екипи со две противпожарни возила“, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Пожарот е видлив од повисоките делови на Куманово, а граѓаните повторно изразуваат загриженост поради густиот чад и непријатниот мирис. На истата локација на 23-ти јуни годинава веќе избувна сличен пожар, кога во интервенцијата беа ангажирани пет противпожарни возила.

Надлежните апелираат за внимателност и очекуваат наскоро целосно гаснење на пожарот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран