УТРО.мк

Путин ја менува играта: Донесена конечната одлука – се остварува најлошото сценарио за Трамп

Путин ја менува играта: Донесена конечната одлука – се остварува најлошото сценарио за Трамп
Vero

Потврдено од три инсајдерски извори во Кремљ до кои дојде агенцијата Ројтерс: рускиот претседател Владимир Путин донел цврста одлука — нема отстапки. И покрај очекувањата дека Доналд Трамп, откако повторно ќе седне во Белата куќа, ќе обезбеди брз мировен договор, Москва нема намера да попушти под неговиот ултиматум.

Трамп бараше договор за мир во рок од 50 дена и најави економски мерки против Русија ако не се постигне напредок. Но, според извори блиски до руското раководство, Путин останува цврст: војната продолжува сè додека Западот не ги прифати клучните руски барања. Оваа позиција значи дефинитивно одбивање на секое решение што подразбира повлекување од териториите што Москва веќе ги смета за дел од Руската Федерација.

Односот меѓу двајцата лидери претрпе видлива трансформација. Од пријателска реторика и комплименти, комуникацијата премина во меѓусебни обвинувања и отворена недоверба. По инаугурацијата, Путин испрати порака со подготвеност за договор, но Трамп наместо ветените 24 часа мир, го продолжи рокот на 30 дена. Следеа обиди за размена на затвореници, неколку телефонски разговори, но без реални резултати. Кон средината на јуни, Трамп веќе јавно изјави дека „преговорите не даваат плод“. Во јули, тој директно го обвини Путин за ескалација на нападите, на што Кремљ возврати со став дека нема да се откаже од своите цели.

Аналитичарите се согласни дека Путин го влече времето. Михаил Комин вели дека рускиот претседател свесно не попушта, знаејќи дека ултиматумите на Трамп сè уште не се поткрепени со конкретни последици. Американската аналитичарка Џенифер Каванаг оценува дека економските закани што ги најавува Трамп може да ѝ нанесат поголема штета на американската економија отколку на руската.

Меѓународните медиуми сè повеќе ја доведуваат во прашање реалноста на мировниот план на Трамп. The Guardian пишува дека тој се однесува како трговец кој се обидува да „продаде“ туѓа територија, без да има разбирање за комплексноста на конфликтот. Time известува дека Трамп ги игнорира сопствените разузнавачки служби и се потпира на интуиција, а The Washington Post предупредува дека неговите потези може да доведат до разнишување на западниот безбедносен поредок.

Иако често се говори за „врска“ меѓу Путин и Трамп, аналитичарите нагласуваат дека нивната релација никогаш не била вистинско сојузништво, туку заемно искористување. Политички инстинктот им е сличен – и двајцата презираат институции и тежнеат кон авторитарни модели, но интересите не им се идентични. Како што стојат работите сега, сценаријата се јасни: или Путин ќе ја искористи ситуацијата за да добие што повеќе, или односите ќе се влошат до точка на прекин. Постои и трета опција – таен договор, кој тивко би го поткопал западниот сојуз.

Според рускиот политиколог Александра Филипенко, најреалното сценарио е враќање на старите методи: договори зад затворени врати и продолжување на војната на теренот. Како и многу пати досега, реториката ќе остане гласна, а реалноста ќе се води во сенка.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран