УТРО.мк

Економист од „Аполо“ предупредува: Балонот на вештачката интелигенција е поопасен од dot-com кризата

Економист од „Аполо“ предупредува: Балонот на вештачката интелигенција е поопасен од dot-com кризата
Vero

Упозорувањата дека индустријата со вештачка интелигенција (AI) би можела да прерасне во следниот голем финансиски балон сè почесто добиваат поткрепа од аналитичарите. Најновиот сигнал доаѓа од Торстен Слок, главен економист на Apollo Global Management, кој тврди дека тековната еуфорија околу AI е уште поопасна од онаа што му претходеше на dot-com крахот во доцните 1990-ти.

„Разликата е во тоа што денес десетте најголеми компании во индексот S&P 500 се уште повреднувани отколку што беа во dot-com периодот“, вели Слок во својата анализа, посочувајќи на енормно високите P/E (price-to-earnings) коефициенти – класичен показател за пазарна преценетост.

Главниот товар на „AI балонот“ го носат технолошките гиганти како Nvidia, Microsoft, Apple, Amazon, Meta и Alphabet, кои вложуваат милијарди во развој на AI-инфраструктура, но моменталната добивка сè уште не го следи тој темпо. Според податоците, овие компании се тргуваат по цени кои далеку ги надминуваат нивните реални приходи – слична динамика што претходно го надувуваше dot-com балонот.

Слични сомнежи се појавија и во 2023 година, кога аналитичари предупредуваа дека ентузијазмот околу генеративната AI не е поткрепен со јасна пазарна вредност. Дополнителен удар на довербата дојде оваа година од Кина, каде што компанијата DeepSeek тврдеше дека нивниот chatbot, развиен со минимални трошоци, може да се мери со најнапредните модели од западните гиганти – по што следеше пад на берзата вреден над еден билион долари.

И покрај сè, инвестициите продолжуваат со полна пареа. Само компанијата Meta најави дека во 2025 ќе инвестира над 60 милијарди долари во капитални проекти поврзани со AI, додека целокупната генеративна AI индустрија според S&P Global до 2029 треба да генерира приходи од 85 милијарди долари – сума која, според некои аналитичари, не е доволна за да ги оправда актуелните вложувања.

Дали AI-индустријата ќе успее да го исполни своето ветување или ќе се претвори во уште еден глобален економски шок – останува прашање што сè повеќе ја загрижува и финансиската и технолошката заедница.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран