УТРО.мк

Една држава се подготвува за целосна забрана на WhatsApp

Една држава се подготвува за целосна забрана на WhatsApp
Vero

Русија се подготвува за можна забрана на WhatsApp

Популарната апликација WhatsApp најверојатно ќе биде забранета во Русија, изјави Антон Горелкин, заменик-претседател на ИТ-комисијата во Думата. Тој истакна дека WhatsApp може да се најде на листата на забранет софтвер во земјата.

Сопственикот на апликацијата, американската компанија Meta, е прогласен за „екстремистичка организација“ во Русија, каде што Facebook и Instagram се веќе забранети од 2022 година.

Оваа недела, претседателот Владимир Путин издаде наредба за ограничување на софтвер од „непријателски земји“ до 1 септември, што ги вклучува и комуникациските апликации.

Во јуни, Путин потпиша закон за развој на сопствена државна апликација за пораки, како дел од напорите за заменување на странските технолошки платформи со домашни алтернативи. Според Горелкин, повлекувањето на WhatsApp би ѝ дало предност на новата руска апликација.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран