УТРО.мк

Три активни пожари го обвија регионот на Македонски Брод – огнот се шири кон шумите и селата!

Три активни пожари го обвија регионот на Македонски Брод – огнот се шири кон шумите и селата!
Vero

До 21:00 часот денеска, Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор низ територијата на Северна Македонија. Од нив, пет се сè уште активни, шест се ставени под контрола, а 18 се целосно изгаснати.

Активните пожари се лоцирани во неколку критични подрачја:

Во општините Василево, Радовиш и Берово гори кај селото Нивичино, на планината Мал Готен и Малешевските Планини, каде се зафатени нискостеблеста шума, смрека и ниска вегетација. Во Македонски Брод се активни дури три пожари – кај селото Грешница, помеѓу Локвица и Крапа, и ново жариште кај селото Латово (Маркова Стапалка). Во Прилеп, пожарот што започна кај селото Штавица се шири кон Чумово, Волково и Прилепец.

Шест пожари се ставени под контрола и тоа во:

Ресен (Шурленци и Езерани), Желино (помеѓу Церово и Групчин), Дојран (Николиќ), Велес (меѓу Џидимирци, Крушје и Иванковци), Гостивар (Симница), Прилеп (Царевиќ – Смолани, Радобилски Рид).

Целосно се изгаснати 18 пожари, најмногу во Куманово и Прилеп, но и во други општини како Студеничани, Шуто Оризари, Долнени, Гевгелија, Кичево, Свети Николе, Липково, Брвеница и Желино.

Надлежните служби остануваат на терен и продолжуваат со интервенции за гаснење и локализација на огнот, особено поради екстремно високите температури кои дополнително ја отежнуваат состојбата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран