Во рамки на одбележувањето на 35 години од основањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, денес во градот се одржа и официјалната промоција на Тони Коњановски како кандидат за градоначалник на општина Битола.

Пред бројни членови, симпатизери и поддржувачи, Коњановски ја изрази својата благодарност за укажаната доверба и поддршка, истакнувајќи дека со тимска работа, посветеност и визија ќе продолжи да се бори за поразвиена и посовремена Битола.

„Особена благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, за дадената доверба и јасната поддршка. Верувам во проекти, во резултати и во љубов кон нашиот град,“ рече Коњановски во своето обраќање.

Собирот во Битола беше дел од пошироката партиска активност со која ВМРО-ДПМНЕ го одбележа значајниот јубилеј на својот општински комитет во градот.
