Според последните податоци на Центарот за управување со кризи, до 14:00 часот денеска во Република Македонија се евидентирани вкупно девет пожари на отворен простор. Од нив, шест се активни, два се ставени под контрола, а еден е целосно изгаснат.
Активни пожари се регистрирани во следните општини: Василево (с. Нивичино), Македонски Брод (с. Грешница и помеѓу с. Црешнево, Локвица и Крапа), Прилеп (помеѓу с. Царевиќ, Смолани и Радобил), Ресен (с. Волкодери) и Желино (с. Церово).
Под контрола се пожарите во општините Дојран (с. Николиќ) и Велес (кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци). Единствениот изгаснат пожар е евидентиран во село Групчин, општина Желино.
Надлежните служби се на терен и работат на целосно локализирање и ликвидирање на огнените жаришта.