УТРО.мк

Пекол во Македонија: 16 пожари беснеат низ земјата – 7 сè уште активни!

Пекол во Македонија: 16 пожари беснеат низ земјата – 7 сè уште активни!
Vero

Македонија се соочува со алармантна ситуација со пожари на отворен простор – до 18 часот денес, 21 јули 2025 година, регистрирани се вкупно 16 пожари, од кои 7 сè уште се активни, 4 се ставени под контрола, а 5 се изгаснати.

Најкритични точки во моментов се:

Василево, Радовиш и Берово – пожарите беснеат во с. Нивичино, кај Готен и Малешевските Планини, каде што гори смрека, нискостеблеста шума и густа вегетација. Македонски Брод – пламените јазици го зафатија с. Грешница и просторот меѓу Црешнево, Локвица и Крапа. Ресен – трската и ниската вегетација кај Шурленци и Езерани се под оган. Желино – гори меѓу селата Церово и Групчин. Прилеп – огнот се шири од с. Штавица кон Чумово, Волково и Прилепец. Скопје (Шуто Оризари) – пожар на ул. Брсњачка Буна.

Под контрола се пожари во:

с. Николиќ (Дојран), меѓу Џидимирци, Крушје и Иванковци (Велес), с. Симница (Гостивар), Радобилски Рид (Прилеп).

Изгаснати се пожарите во:

Индустриска зона (Куманово), с. Старо Нагоричане, с. Брвеница, с. Чајле (Гостивар), с. Горно Село (Долнени).

Надлежните служби се на терен, но високите температури и ветерот го отежнуваат гаснењето. Апел до граѓаните: не палете огнови на отворено, ситуацијата е крајно ризична!

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран