УТРО.мк

Тешка несреќа на патот Штип – Велес: Три возила во судир, тројца повредени, учествувал и „пинцгауер“ од Дирекцијата за заштита и спасување

Тешка несреќа на патот Штип – Велес: Три возила во судир, тројца повредени, учествувал и „пинцгауер“ од Дирекцијата за заштита и спасување
Vero

Сериозна сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 23:00 часот на регионалниот пат Штип – Велес, во која учествувале три патнички возила – „тојота“, „лада“ и „бмв“, сите со велешки таблички. Несреќата била дополнително комплицирана поради присуството на специјално возило „пинцгауер“ од Дирекцијата за заштита и спасување, кое во моментот било влечено од „бмв“-то.

Како што информира портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, во несреќата учествувале 66-годишниот Б.И. од Велес со „тојота“, 31-годишниот Л.Б. од Башино Село со „лада“ и 31-годишниот Д.М. од Велес со „бмв“.

Најтешко повредени се возачот на „тојота“ и неговата 64-годишна сопатничка К.И., кои со сериозни повреди биле примени во велешката болница. По укажаната прва помош, двајцата се префрлени на понатамошно лекување во Скопје.

„Мажот се здоби со повреди во пределот на градниот кош, а жената со повреди на стомакот. По извршени снимања и стабилизација, беа префрлени во скопските клиники“, изјави д-р Ванчо Граматов, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Возачот на „бмв“-то Д.М. се здобил со полесни телесни повреди, а истрагата за причините и околностите на несреќата е во тек. Увид на местото на настанот изврши полициска екипа од СВР Велес.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран