УТРО.мк

ВЛЕН: Крај на неправдата во Тетовската болница – 155 здравствени работници добиваат трајни вработувања

ВЛЕН: Крај на неправдата во Тетовската болница – 155 здравствени работници добиваат трајни вработувања
Vero

Една од најдолготрајните и најсериозни неправди во македонскиот здравствен систем доби своја разврска. Благодарение на ангажманот на новата влада и визијата на коалицијата ВЛЕН, 155 здравствени работници од Клиничката болница во Тетово, кои со години работеа без договори, без социјална сигурност и често без плата, конечно го добиваат своето заслужено право – постојано работно место и професионален достојнствен статус.

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Тетово на средба со раководството и персоналот на болницата, објави дека административните процедури се завршени, и останува само уште административното тестирање пред потпишување на решенијата за трајно вработување.

„Ова не е само административен чин, туку чин на правда, враќање на достоинството и исполнето ветување. Од заборав и игноранција, кон грижа и институционална почит – тоа е трансформацијата што ја носи ВЛЕН“, истакна министерот Алиу.

Од ВЛЕН порачаа дека продолжуваат да градат држава на вредности, институции што се потпираат на три клучни столба: функционална инфраструктура, професионално управување и – пред сè – мотивирани и достојно третирани луѓе.

„Ова е промената што ја чекаа и ја заслужуваат Албанците. Ова е ВЛЕН“, стои во соопштението.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран