Денес, во Клиничката Болница Тетово, на Одделението за Офталмологија, беше инсталиран нов микроскоп за операција на катаракта со ласерска метода. Овој уред, позајмен од Болницата во Гостивар, сега е ставен во функција за третман на пациенти од Полошкиот регион.

Со воведувањето на оваа современа опрема, пациентите кои имаат потреба од отстранување на катаракта ќе можат да ја добијат услугата во својата регија, без потреба од патување во други градови.
Одделението за Офталмологија во Клиничката Болница Тетово најавува дека ќе продолжи со посветена работа за обезбедување на дополнителна опрема и услови, со цел максимално да им помогне на пациентите и да ја подобри здравствената услуга.