УТРО.мк

Мигранти нападнаа полски војници на границата со Белорусија, еден Суданец ранет

Мигранти нападнаа полски војници на границата со Белорусија, еден Суданец ранет
Vero

На полско-белоруската граница дојде до инцидент во кој еден мигрант беше ранет со огнено оружје откако група лица се обидела илегално да ја премине границата, јавуваат полските медиуми. Според нив, ситуацијата станала толку опасна што војниците биле приморани да пукаат.

Инцидентот се случил вчера навечер кога пет мигранти се обиделе да ја преминат границата на неовластено место. Кога биле запрени, не ги послушале наредбите и се однесувале агресивно, по што војниците испукале истрели како мерка на присила. Петмина мигранти биле предадени на граничната стража за понатамошна постапка, а ниту еден војник не бил повреден.

Еден од мигрантите, Суданец, бил пренесен на итна медицинска помош со прострелна рана на бутот предизвикана од гумен куршум. Неговиот живот не е во опасност.

Полските власти апелираат мигрантите да бидат свесни дека илегалното преминување на границата и нападот врз војниците се кршење на законот и најавуваат одлучна реакција за заштита на животот и здравјето на граничарите.

Министерот за внатрешни работи истакна дека досега се вложени значајни ресурси во обезбедување на границата, со повеќе од 11.000 припадници на безбедносните сили и електронска бариера, поради што границата е затворена речиси 98 отсто.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран