УТРО.мк

Се апсат високо рангирани мафијаши на Кавачкиот клан по потерници на Интерпол

Се апсат високо рангирани мафијаши на Кавачкиот клан по потерници на Интерпол
Vero

Грчките полицајци денеска ги уапсија црногорските државјани С.К. (35) и Ѓ.Ѓ. (26), кои се високо рангирани членови на организираната криминална група Кавачки клан, јавува Полициската управа на Црна Гора. Уапсените биле лоцирани на територијата на Грција, каде што се криеле под лажни идентитети и користеле фалсификувани документи од земјите во регионот.

Приведувањето е резултат на долгорочна целна потрага на НЦБ на Интерпол Подгорица, во тесна соработка со грчката полиција и други странски партнери. За С.К. била издадена црвена потерница за кривични дела како создавање криминална организација и тешко убиство, додека Ѓ.Ѓ. се барал по наредба на Основниот суд во Подгорица за злосторничко здружување, тешка кражба и прикривање.

Полицијата најави дека следува понатамошна координација меѓу судските органи на Црна Гора и Грција за спроведување на екстрадиција. Оваа акција го потврдува континуитетот и ефикасноста на меѓународната соработка во борбата против организираниот криминал.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран