УТРО.мк

Паника во Хрватска: Појава на антракс кај добитокот, Владата уверува – нема опасност за луѓето

Паника во Хрватска: Појава на антракс кај добитокот, Владата уверува – нема опасност за луѓето
Vero

Во Хрватска е регистрирана појава на антракс кај добитокот, што предизвика загриженост кај јавноста. Премиерот Андреј Пленковиќ се огласи на седница на Владата, нагласувајќи дека болеста, иако заразна и потенцијално пренослива на луѓе, засега не е потврдена кај ниту едно лице.

„Ризикот за здравјето на населението е низок благодарение на активната примена на сите епидемиолошки протоколи“, изјави Пленковиќ.

Тој ја истакна клучната улога на редовната вакцинација на животните и комуникацијата со ветеринарите во спречувањето на ширењето на инфекцијата. Воедно, премиерот упати апел до сточарите да бидат внимателни, одговорни и да соработуваат со ветеринарните служби.

Како мерка за поддршка, Владата најави две целни програми – една за надомест на штети и друга за обнова на сточниот фонд во погодените региони.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран