УТРО.мк

Крај на оставените пешкири на плажа преку ноќ во Грција

Крај на оставените пешкири на плажа преку ноќ во Грција
Vero

Иако долго време туристите се навикнати рано да стануваат и да ги резервираат најдобрите места на плажите со оставени пешкири, ова правило во последните години доживува промени. Сè повеќе луѓе почнуваат да оставаат крпи на плажа уште во текот на ноќта, за да можат наутро да спијат подолго.

Меѓутоа, локалните власти во Калитеа и Полихроно решија да стават крај на оваа практика. Во Фејсбук групата „Грик Инфо“ беа споделени фотографии од купишта пешкири, наводно од плажите, кои биле собрани и ставени во пикап камиони.

Општината потсети дека пешкирите оставени за резервација на место на бесплатните плажи ќе бидат конфискувани и нема да се враќаат, туку ќе бидат однесени во единицата за рециклирање.

Од коментарите на објавата се гледа дека слични мерки почнуваат да се применуваат и во други популарни грчки летувалишта, со цел да се обезбеди фер користење на јавните плажи за сите посетители.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран